Каква срамота!

Денеска, навистина ми е многу мило што не сум во Македонија. Добив висока доза на антиносталгија.  Денеска додека на Плоштадот линчуваа деца,  јас моето image_00120го шетав низ Fishmarket по прогресивниот Bicycle Bazaar и уживавме во вештината на луѓето околу нас да ги направат обичните нешта магични соништа за другите.  И да Ви признаам искрено, во Септември 2008 со сопругот спакувавме куферите, нарамивме детето со штотуку наполнета година и му свртевме грб на се повидливиот национализам. Деца завиткани со знамиња маршираа низ улиците на мојот сончев град, и одеа на концерти кои изобилуваа со ново-пре-компонирана музика со високо национала конотација. Се надевав дека е тоа само миг, само трепкање на моите очи, и дека кога ќе дојдам следниот пат сето тоа ќе го нема. Денеска ја видов истата слика, но за жал мултиплицирана и не ми требаше многу да ја удрам математиката. Национализам+религија=седи си мадро, да не носиш модро. И на крајот на краиштата тоа што се случи денеска нема никаква врска ни со мојата национална, ни религиозна припадност. Денеска во Македонија умре демократијата,  а луѓето седат немо и си ццкаат по дома. И уште една народна:наведната глава сабја не ја сече. Е па аирлија демократија ( и тоа со ЕУ префикс, без пардон) !

Post a Comment

You must bee logged in to post a comment.