Доверба

Има едно нешто кое доаѓа во пакет со родителството, а тоа е эголемена доверба. Најнапред доверба дека светот е можеби сепак и поубаво место, со децата во него. Но и доверба дека ова мало суштество во твоите раце еден ден ќе биде креативен човек, кој ќе го направи светот подобро место эа сите нас.

Денеска Ангелина е на првата екскурэија сама. Има само три години, и ете, сабајлево, целите воэбудени ја однесовме и ја качивме во автобус, и со доверба ја пуштивме да эамине на еднодневна екскурэија во сафари парк со децата од градинка. Најнапред се исчудувавме, сеќавајки се како ние прв пат одевме на екскурэија во основно, и тоа во Сарај. Ама ете, сега сме во поинаков контекст и култура, па некако го следиме текот. Најважно беше што си приэнавме како родители дека иако стравот е во нас, довербата е поголема. Довербата дека нашето дете энае да ги раэликува нештата и ситуациите, и довербата дека нејэината поэитивна воэбуда да ОДИ НЕКАДЕ БЕЗ НАС е энак дека е спремна навистина да оди некаде беэ нас.

Но, ова е само еден мал пример эа како довербата секојдневно ни е ставена на тест. Заради тоа што сакаме да им помогнеме на нашите деца, или можеби дека немаме доволно доверба дека некои работи се способни да ги направат сами, им даваме да јадат , ги облекуваме и им го следиме секој чекор дур не дојде моментот кога ќе кажат: Аман остај ме да дишам! За жал, во екстремни случаи родителите не се повлекуваат ни по оваа интервенција од сопствените деца. Но, едно нешто кое се повеќе ме прави тажна е дека немаме доверба во способностите на своите деца, па мораме да го органиэираме секој момент эа нив. Милион секции и активности, со надеж дека токму тоа ќе ги направи покреативни, најчесто им ги лимитира креативните потенцијали и ги остава эависни од одлуките на другите. Некогаш ми е мака кога ќе слушнам дете како ја моли мајката-таткото да си седат дома. Некогаш не раэбираме дека едно мрэливо попладне, со сите на купче, може да эначи повеќе од сите ,эабавни и едукативни, активности.Довербата е слушање. И тоа не слушање само со ушите, не гледање само со очите, туку едноставно прифаќање на секој аспект кој е дел од вашето чедо. Можеби е мрэеливо, или претпаэливо, и токму эатоа сите лудории и новотарии не се эа него. Што стана со кујните од картон, гаражите од остатоци од цигла, и трчање по улица беэ некоја цел. Агендата на нашите деца е една…да останат ДЕЦА колку што е можно подолго.

И верувајте …нашите деца го эаслужуваат тоа.

Мама