Бавно бавно

Не знам за вас, ама и вториот пат како мајка бев затечена од промената на ритамот на сопственото живеење. Дури овој пат активна работно до 39 недела, и со три годишен беслак до мене, и самиот водењак ме изненади, како да не му беше време (иако точно како саат, на 10 минути по полноќ во одредениот ден го отвори патот за милото новороденче).
И така почнав да заспорувам и да пробувам да чујам што сака телото и што сака бебето. Ништо не одеше како по книгите или нормативите на современата медицина ( или медицината на строга контрола, ама за тоа друг пат). Но поучена од првиот пат,решив да не се предадам на брзината на современието, знаејќи дека моето тело сака бавно да работи, со долги паузи, а чинам и бебето сакаше разделбата со внатрешноста да биде долга и нетрауматична. Беше долго (скоро 48 часа) но пријатно искуство, дека ритамот го одредив јас со моето тело и бебето.
Но сепак тешко е да се прифати дека ти стоиш додека се навидум се движи. Дека немаш контрола врз сопствените акции, дури ни оние нужните секојдневни потребштини. И не знам дал е бавноста или контролата, ама ритамот го градиш во кохезија со уште едно човечко суштество. Во исто време целосно немоќно, но исто така совршено способно да ги изрази своите потреби. И почнуваш да се прашуваш… Кога последен пат си останал во кревет повеќе од “дозволеното”, ете онака дека сакаш да лежиш… Кога последен пат си се напил кафе, онака полека, на раат, дур читаш прекраснп штиво? И кога последен пат си застанал сред улица и си го погледнал небото, онака дека е само распространето над нас?
Некои нешта ќе останат заборавени и рафрлени некое време. Некои обврски од календарот нема да бидат сработени. Некои настани ќе бидат одминати, некои текстови оставени за подоцна. Ама јас бавно ќе погледнам нагоре денес кон сивото небо и ќе го видам одново низ нејзините очи. Ќе го видам она кое навистина е… Само небо и јас и таа туку така под облака. Застанете еднаш денес и погледнете го небото. И помислете колку бавно/ брзо минува животот.

Advertisements

Leave a Reply

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: