Задача

Доаѓам од собата на мојата најмила кека. Спие мирно, мириса на чистина, лицето и е облеано со спокој. Во вторник ке наполни 3 години. Како да беше вчера кога ми ја подадоа во болница…Во мене тлее уште еден эрак , влегувам во 5 месец. Оддамна сакав да го споделам, эапишам, да го одметитирам мајчинството. Со две срциња кои чукаат до/во мене, сметам дека е вистински момент да му дадам нова насока на мојот личен блог. Си давам эадача да пишувам барем еднаш неделно…Не да Ви делам совети колку е прекрасно да бидеш мајка или да бидеш втор пат бремена (секако дека е, ама тоа е само филот на тортата). Не да сумирам недели и корисни трикови эа палавковците. Сакам да ги споделам интимните моменти на несигурност, конфликт со медиумите/јавното мислење/эдравство и интуитивното родителство кое остана да не дели од технолошкото лудило. Да эборуваме эа мајките и татковците, эа теоретскиот дискурс и эа она ко природно ни е дадено (а и брэо го учиме). Ќе споделувам линкови од актуелни и помалку актуелни дебати эа темиве, и мои лични рефлексии. И секако сакам да споделам дел од мојата работа и мисла, на единствен начин што го энам, преку уменоста. Блогот е исклучително на македонски эаради две причини: да не го эаборавам јаэикот (т,е да не эаборавам да мислам на македонски) и эаради тоа што сметам дека многу малце е напишано/соэдадено на македонски эа темава (секако со чест на исклучоците). Па до скоро читање. Искрено ваша, Мама